Сите наставни материјали за предметот ботаника и информации за студентите се достапни на Е-учење на УГД-Штип, Земјоделски факултет, додипломски студии, прва година за Струмица и Кавадарци. Линкот е: https://moodle2.ugd.edu.mk/login/index.php
Предметот има за цел: Запознавање на студентите со основите на растителната цитологија, анатомија, морфологија и ембриологија како главен предуслов за стекнување на знаењата понатаму во текот на студирањето, практиката и натамошното усовршување.
-Запознавање со класификацијата на растенијата и значењето на истата.
-Познавање на основните карактеристики на одредени таксони културни и плевелни растенија значајни за земјоделското производство и нивно препознавање во природата.
-Примена на стекнатите знаења во останатите земјоделски дисциплини поврзани со ботаниката.