АПСТРАКТ
При одгледувањето на различни сорти и популации овес во Р. Македонија, ќе Ни биде овозможено да ги утврдиме разликите на морфолошките, биолошките и производствените карактеристики на испитуваните популации и сорти, при услови на органското производство.
Во испитување ќе бидат вклучени најновите хрватски сорти и македонски популации пролетен овес и сорти пролетен овес од Србија. Хрватски сорти: барања, истра, купа и мура; Македонски популации: кривогаштани, требеништа, кучевиште; сорти од Србија: рајац, славуј и ловќен.
На површините на УГД Земјоделски факултет во Струмица, ќе бидат поставени полски опити по случаен блок систем во четири повторувања, со димензија на основна парцелка од 5 m2, 10 реда во парцелка на растојание од 10 cm ред од ред при органско производство.
Со анализата на испитуваните сорти и популации и нивните карактеристики, може да се утврди која сорта и популација е најсоодветна за органско производство за овој или други производни реони со слични почвено-климатски услови, кои ќе бидат најпогодни и ќе гарантираат високо и сигурно производство
Abstract
During growing varieties and populations of oat in R. Macedonia, it would be disposed to determine the differences of morphological, biological and produced features of examined populations and varieties, grew in conditions of organic production.
The newest Croatian varieties, Macedonian spring populations and Serbian varieties of spring oat would be included in the examination. The Croatian varieties are: baranja, istra, kupa and mura; Macedonian populations are: krivogaštani, trebeništa and kučevište; varieties from Serbia are: rajac, slavuj and lovćen.
Field experiments by randomized block system in four repetitions would be set on the fields in UGD Faculty of Agriculture in Strumica, with dimensions of the basic parcel of 5 m2, with ten rows in a parcel, distance between rows of 10 cm, in conditions of organic production.
With the analyses of the examined varieties and populations and their characteristics, it could be established which variety or population is most adequate for organic production in our or in other production regions with similar soil and climatic conditions, which varieties and populations would be most suitable and would guarantee high and certain yield.
Раководител на проектот: Проф. д-р Драгица Спасова