Меѓународен бизнис

Целта на оваа предметна програма е запознавање со современите форми на меѓународното работење, нивната меѓузависност како и карактеристиките на нивниот менаџмент. Меѓународниот бизнис претставува интегрален систем на кој му се иманентни сите системски карактеристики, меѓу кои една од круцијалните е отвореноста, поврзаноста и комплементарноста со меѓународното опкружување.

Преку изучување на оваа предметна дисциплина, студентите ќе можат да се стекнат со знаења и вештини што ќе им овозможат ефикасно да одговарат на предизвиците на глобалниот бизнис преку: запознавање со промените во глобалната бизнис средина; стратегиите на фирмите за глобална експанзија и методите на организација и реализација на меѓународните бизнис активности. Исто така, студентите ќе бидат во можност да донесуваат оперативно-технички одлуки при реализацијата на бизнисите на меѓународниот пазар, да демонстрираат способности за стратегиско и аналитичко управување со ризиците за оперирање во глобалната бизнис средина како и да вршат анализа на меѓународните економски движења и промени и да вршат проценка на начинот на којшто истите влијаат врз економските текови на одделните земји.

Предзнаењата од оваа проблематика ќе им овозможат на студентите ризикот од работењето на меѓународната пазарна сцена да го сведат на минимум.

Основна литература: Џарлс Е.Хилд: Меѓународен бизнис, Превод на Влада на РМ, 2010.

Semester: 

Summer

Offered: 

2021