Меѓународна економија

Целта на оваа предметна програма е запознавање и разбирање на меѓузависноста на економиите и луѓето во светот изразени преку процесите на регионализација и глобализација. Преку проучување на оваа предметна дисциплина се настојува да се даде одговор на прашањето зошто збиднувањата во светската економија преку процесите на глобализација и регионализација со особен интензитет се чувствуваат и во земјите со мал и ограничен домашен пазар, како што е и РМ. Материјата е интересна, затоа што се однесува на конкретни нешта кои се случуваат околку нас, се дел од нашето секојдневие и го засегаат нашиот живот. Преку изучување на оваа предметна дисциплина, студентите ќе бидат во можност да ги разберат предностите од слободната меѓународна трговска размена, да ги анализираат сличностите и разликите меѓу инструментите на трговската политика, да ги анализираат ефектите од примената на одделните инструменти на надворешнотрговскиот и девизниот систем и девизната политика врз надворешнотрговската размена и билансот на плаќањата, да ја разберат улогата на меѓународнте финансиски институции во светот како и да ги анализираат основните ставки на билансот на плаќањата на земјите, за да ги утврдуваат изворите на фактичката нерамнотежа во него и да ги познаваат теоретските концепции за негово враќање во рамнотежа.

Основна литература: Ирена Кикеркова: Меѓународна економија, Економски факултет, УКИМ, Скопје, 2003.

Semester: 

Winter

Offered: 

2021