Целта на оваа предметна програма е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на надворешната трговија и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. Основната ориентација во излагањето на предметната содржина е идентификување на основните карактеристики на современите економски текови во меѓународната размена, новите правила на кои претпочива мултилатералниот трговски систем, како и важноста на инструментите на надворешнотрговската политика. Посебен акцент при проучување на оваа предметна дисциплина е поставен на конципирањето на надворешно трговскиот систем на РМ, како и на анализа на структурата на надворешнотрговската размена на РМ. Со изучување на оваа предметна дисциплина, студентите ќе бидат во можност да ја определат компаративната предност во билатералната трговска размена меѓу земјите, да ги прошират своите сознанија во врска со глобалните трендови во размената на услугите, да прибираат, анализираат и презентираат информации во врска со ефектите од меѓународното движење на работната сила, да ги воочат предностите и недостатоците од членството во монетарната унија како највисока форма на регионално економско интегрирање за земјите членки, да формулираат сопствен став по основ на придобивките и трошоците од членството во трговски блок, да ги осознаат економските перформанси и трговските индикатори на најзначајните регионални економски интеграции, да направат анализа на постигнатите резултати од одржаните Министерски конференции во рамките на СТО, да ги воочаат аргументите кои одат во прилог на слободната трговија и протекционизмот како и да ги идентификуваат специфичностите на инструментите на надворешнотрговската политика.
Основна литература: Емилија Митева-Кацарски: Надворешна трговија-скрипта, Универзитет “Гоце Делчев” Штип, Економски факултет, 2019, ISBN 978-608-244-600-4, 2019
Емилија Митева-Кацарски: Надворешна трговија-практикум, Универзитет “Гоце Делчев” Штип, Економски факултет, 2019, ISBN 978-608-244-600-4, 2019
Ирена Кикеркова: Надворешна трговија, Економски факултет, Скопје, 2008.