Царински систем и политика

Целта на оваа предметна програма е изучување на царините и царинската политика, царинските повластици и ослободувања, кои претставуваат основа за пресметување на индикторите за мерење на интензитетот на царинската заштита. Посебен акцент при проучувањето на оваа предметна дисциплина е поставен на нецаринските инструменти, преку чија примена е засенет идеалот на слободната трговија. Сублимирани се и основите на царинскиот систем, правните извори и институтите на царинскиот систем, потоа прашањата поврзани со царинската вредност, царинската тарифа и потеклото на производите како и царинските документи, царинскиот надзор, постапката на царинење на стоките како и царинските казниви дела. Теоретската разработка на царинскиот систем и царинската политика е проширена со анализа на одредбите во законските и подзаконските акти во РМ, што се однесуваат на анализираните прашања. Преку изучување на оваа предметна дисциплина, студентите ќе бидат во можност детално да ги проучат царинските аспекти на надворешната трговија, да се запознаат со надлежностите и начинот на функционирање на Царинската управа на Република Македонија, да се запознаат со концептот овластен економски оператор, да се запознаат со процесот на усогласување на националното царинско законодавство со легислативата на ЕУ и неговата примена, да ја усовршат унифицираната методологија за пресметка на царинската вредност како и да се запознаат со можностите за олеснување и забрзување на царинските постапки, следејќи ги најновите текови на дигиталната ера.

Основна литература: Живко Атанасовски, Јованка Биљаноска:Царински систем и политика, Факултет за туризам и организациони науки, Охрид, 2006

Semester: 

Summer

Offered: 

2021