Предметот Пијано 2 се слуша на Вокално - инструменталниот оддел и на Одделот за теорија на музиката и музичка педагогија.
Во рамките на ВИ одделот, предметот Пијано 2 опфаќа припрема и изведба на солистичка програма која се состои од композиции од 4 различни епохи, и тоа:
- Полифона барокна композиција - Бах, Хендл итн.
- Соната - Хајдн, Моцарт, Бетовен итн.
- Виртуозна етида - Шопен, Лист, Менделсон итн.
- Композиција по избор од романтизмот, импресионизмот и 20-от век
На испитот по предметот Пијано 1, на ВИ одделот му предходи Колоквиум на кој се изведува кратка композиција по слободен избор, различна од испитната програма.
Во рамките на МТП одделот, предметот Пијано 2 опфаќа припрема и изведба на програма која се изведува со можност за читање на нотниот текст, која се состои од 4 композиции од различни епохи, и тоа:
- Полифона барокна композиција
- Соната од раниот класицизам - прв став и втор став
- Етида
- Композиција по слободен избор од романтизмот до современи композиции