Проекти

ОПТИМИЗАЦИОНА ТЕХНО-ЕКОНОМСКА АНАЛИЗА НА ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ ПРЕВОЗ ПО ТРАНСЕВРОПСКИТЕ ЖП КОРИДОРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Низ територијата на Република Македонија минуваат два важни трансевропски железопатнички коридори – N8 (Исток – Запад) кои ги поврзуваат Јадранското море со Балканскиот регион и страните од Црното море и коридор N10 (Север – Југ), поврзувајќи ги страните од Западна Европа со Грција. Овие коридори се дел од програмата на Македонската влада за изградба на деловите кои недостасуваат од жп инфраструктурата на Република Македонија.