Кога ја согледуваме улогата и значењето на јавната администрација доаѓаме до заклучокот дека јавната администрација е нераскинливо поврзана со функционирањето на државата. Не случајно ќе кажеме дека секоја успешна држава може да се пофали со одговорна, ефективна, ефикасна, респонзивна, транспарентна и успешна администрација. Каква е поставеноста на администрацијата во државата ќе зависи од системот на управување на државата. Системот на управување на една држава влијае врз независноста, иницијативноста и самостојноста во работењето јавната администрација.
Semester:
Winter
Offered:
2023