Проф. Д-р Љубен Тевдовски

Основниот научен интерес на професор Љубен Тевдовски се културните динамики, трансферот и интеракцијата на идеите и материјалната култура на класичниот свет и Медитеранот. Во своите предавања и трудови во соработка со повеќе светски научни центри за класична историја и класична археологија, Тевдовски, преку современите мултидисциплинарни погледи и методологии, ги проучува идентитетските и религиозните трансформации во рамките на античкиот глобализациски процес на Стариот свет. Тевдовски подеднакво ги проучува и преносот и културните влијанија на „класичните традиции“, а пишува и во пошироките области на класичната археологија, историјата, религиозните студии, античката и модерната глобализација, меѓукултурните односи и влијанието на културата во меѓународните односи.