Настава

Пијано

Пијано на Вокално - инструментален оддел

Пијано на Оддел за музичка теорија и педагогија

Методика на настава по клавишни инструменти 1

Предметот Методика на наставата по клавишни инструменти 1 ја опфаќа почетната настава по пијано за деца од предучилишна возраст, деца на возраст од 6 и повеќе години и возрасни почетници. Во текот на семестарот се претставуваат и анализираат почетни методи по пијано за почетници од трите различни возрасни групи од разни реномирани светски автори. Посебен акцент се става на различните образовни пристапи согласно развојните карактеристики на разните возрасни групи.

Историја на пијанизам 1

Предметот Историја на пијанизам 1 го опфаќа периодот од појавата на првите пишани трактати за наставата по клавишни инструменти се до претставниците на класицизмот.