Skarik, Milica (2014) Интерпретациски проблеми на избрани дела за клавишни инструменти од Ј. С. Бах. Скопје: МИЦ. MIC, Skopje. ISBN 978-608-65218-5-1

Во книгата „Интерпретациски проблеми на избрани дела за клавишни инструменти од Ј. С. Бах“ од проф. д-р Милица Шкариќ, се опфатени основните проблеми на интерпретација кои се појавуваат при изведба на клавирските дела од Ј. С. Бах од нивниот оригинален текст (Urtext). Детално се разгледани артикулацијата, орнаментиката, динамиката, темпото, прсторедот и работата врз полифонија во Баховата клавирска музика. Посебен осврт е даден на „Клавирските тетратки за Ана Магдалена и Вилхелм Фридеман Бах“, малите прелудиуми, двогласните инвенции и тригласните синфонии. Книгата е создадена врз база на повеќегодишните престои на авторката во Германија, Франција и САД. Книгата е посветена на Евгениј Корољов, еден од најдобрите современи изведувачи на клавирската музика на Бах, кај кого во Хамбург авторката се усовршувала во интерпретацијата на пијано. Издавач е Музичкиот издавачки центар (МИЦ), со финансиска помош од Министерството за култура на Македонија.

Class: 

Историја на пијанизам 1