Институтот за историја и археологија (ИНИСА) е формиран на 10 септември 2008 година со одлука на Сенатот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Првично основан како независен научно-образовен институт, посебна единица на УГД, од 2013 година се приклучува во составот на Факултетот за образовни науки. Денес ИНИСА претставува еден од двата македонски институти на кои се изучува археологијата и кои нудат додипломски и постдипломаски студии во оваа научна дисциплина. Тој се вбројува помеѓу најважните македонски центри за проучување на историјата, археологијата, културното наследство и музеологијата.
На додипломските студии на ИНИСА, настава се изведува преку студиски програми сместени во две основни насоки: наставна и применета.
Наставна насока: студиска програма за наставници по историја;
Применета насока: археологија, историја, историја со археологија.
На вториот циклус студии на ИНИСА, припаѓаат студиските програми: Античка археологија; Средновековна археологија; Византија и Балканот во средниот век; и Историја, митови и идентитети.
