Примена на Mетодата на конечни елементи при пресметка на чиниести пружини на фрикциони спојки кај моторните возила

Application of the Мethod of finite elements in calculation of dished springs in friction clutches in motor vehicles

Фрикционите спојки се механизми поставени помеѓу моторот и менувачот на возилото и се користат за пренесување на вртежен момент од моторот на возилото на трансмисијата. Потребната сила на притисок  помеѓу фрикционите површини се обезбедува со притисно завојни или чиниести пружини.

 Со истрошување на облошките од фрикциониот диск доаѓа до намалување на притисната сила при притисно завојни пружини, а со тоа и до намалување на вртежниот момент. Кај чиниестите пружини силата на притисок е релативно константна и тие се изложени на сложени динамички оптоварувања. Поради ова, потребно е да се изврши правилен избор на  параметрите на чиниестата пружина, за што ќе се користи методот на конечни елементи.

            Целта на проектот е да се изврши димензионирање на чиниеста пружина со примена на методот на конечни елементи, да се изврши споредбена анализа помеѓу резултатите добиени со формулите на ALMEN i LASZLO за пресметка на чиниести пружини и да се утврдат факторите кои доведуваат до  можни отстапувања помеѓу овие две формули.

            Методот на истражување  опфаќа употреба на теоретски и експериментални  алатки, анализа и статистичка обработка на податоците  добиени со мерења и математичко моделирање.

            Добиените резултати ќе имаат научен и  широк апликативен карактер и истите ќе се применуваат при димензионирање на  чиниестите пружини како составен дел на фрикционите спојки кои пак се неопходен составен дел од секое современо моторно возило.

 

          Friction clutches are mechanisms placed between the engine and the gearbox of the cars and are used to transfer torque from the engine of the vehicles to the transmission. The needed strength of the pressure between the friction surfaces is provided with crunches bandage springs or diaphgram springs.

          The depletion of the lining of the friction drive comes to a reduction in pressing force of crunch bandage springs and thus to reduce torque. In diaphgram springs force of pressure is relatively constant and they are exposed to complex dynamic loads. Therefore, it is necessary to make a proper selection of parameters of diaphgram spring. Selection will be made by using the finite element method.

          The aim of the project is to perform dimensioning diaphgram spring by applying the finite element method, to perform a comparative analysis between the results obtained with the formulas ALMEN i LASZLO which are used for calculation of diaphgram springs and  to determine the factors that lead to possible deviations between these two formulas.

        The method of research involves using of theoretical and experimental tools, analysis and statistical evaluation of the data obtained with measurements and mathematical modeling.

          These results will have wide application and scientific character and  will be used for dimensioning diaphgram springs.Diaphgram clutches are a necessary parts of every modern vehicles.