Проф. д-р Татјана Рушковска
Татјана Рушковска е родена во 1967 год. во Штип. Основното и средното образование ги завршува во Берово. Во 1990 год. дипломира на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, група биологија, биохемиско-физиолошка насока, како студент со највисок среден успех во генерацијата.
Од 1994 до 2010 година работи во Централната клиничка лабораторија во Воената болница во Скопје, најпрвин како биохемичар, а потоа и како Началник на лабораторијата (2003-2010 год.). Во меѓувреме ги завршува магистерските (1997 год.) и докторските (2002 год.) студии на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Во 2009 год. Татјана Рушковска е избрана за насловен доцент на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Од 2010 год. е редовно вработена на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, најпрвин како доцент, а потоа и како професор. Во периодот 2011-2014 год. ја извршува функцијата Продекан на Факултетот за медицински науки. Во учебната 2014/15 год. работи како визитинг професор на Одделот за биохемија, молекуларна биологија и биофизика на Универзитетот на Минесота, САД, како Фулбрајт стипендист.
Татјана Рушковска учествува во бројни меѓународни и универзитетски научно-истражувачки проекти. Автор е на поголем број научни публикации од областа на биохемијата и клиничката биохемија, објавени во реномирани меѓународни научни списанија, од кои најголемиот дел се слободно достапни на базата PubMed. Рецензирала поголем број научни трудови за едни од најреномираните научни списанија од областа на биохемијата и клиничката биохемија, како што се: Frontiers, PlosOne, Clinical Chemistry and Laboratory Medicine, Antioxidants and Redox Signaling, Free Radical Research и др.
e-mail: tatjana.ruskovska@ugd.edu.mk