Студентски проект финансиран од Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип
Атеросклерозата е најчеста причина за кардиоваскуларните заболувања, а нарушениот редокс баланс се поврзува со најголемиот дел од факторите на ризик за нејзина рана појава и напредување. Меѓутоа, концептот на „лекување“ на оксидативниот стрес со редокс активни компоненти (антиоксидантни витамини и суплементи) се напушта и современата наука се фокусира на изучување на сигналната функција на слободните радикали и на механизмите на ендогена антиоксидантна заштита.
Тиолните групи претставуваат значајна компонента на ендогената антиоксидантна заштита. Постојат докази дека нарушувањата на динамичната тиол/дисулфидна хомеостаза се инволвирани во патогенезата на различни заболувања, вклучувајќи ја и атеросклерозата. Во рамките на овој научно-истражувачки проект ќе ја истражиме поврзаноста меѓу оксидираните липопротеини и тиол/дисулфидниот статус кај испитаници со висок атероген ризик и пациенти со градна болка од исхемична природа. Добиените резултати ќе преставуваат основа за идни истражувања на механизмите за регулација на тиол/дисулфидната хомеостаза и последиците од нејзиното нарушување.
ПУБЛИКАЦИИ:
Tusheva, Ivana and Milev, Mishko and Kamceva, Gordana and Maneva, Manuela and Ruskovska, Tatjana (2019) Electronegative low-density lipoproteins as a cause of secondary cardiovascular diseases in chronically ill patients – a method for identification and monitoring. Knowledge - International Journal, Scientific Papers, 30 (4). pp. 747-751. ISSN 2545-4439