Опис на проектот:
Дигитализацијата на геолошките и металогенетските карти претставува приоритетна задача на секоја држава вклучувајќи ја тука секако и нашата. Веќе одамна ГИС методологијата длабоко навлезе и во доменот на геологијата и металогенијата каде водечко место заземаат колегите од Институтот БРГМ од Франција. Во делот на Русија постојат повеќе институции кои се занимаваат со оваа проблематика но секако една од нив е и ИГЕМ од Москва со која ние имаме соработка веќе подолго време. ГИС методологијата секако бара плејада стандардизирани информации кои се внесуваат во датотеката и особено олеатите (лејерите) кои ја сочинуваат придружната документација на една комплетна геолошка, структурна и особено металогентска карта. Во тој контекст секако влегуваат анализите на структурите, магматските формации, врската на истите со минерализационите процеси, генетското моделирање, металогенетското реонирање и др. Сето тоа е на многу висок степен на изученост во Европа и во Светот, а ние веќе подолго време се обидуваме овој тип на испитувања да ги подржуваме со најразлични видови на соработки и активности. Тоа е случај и со овој предлог на проект кој секако ќе даде свој придонес во таа насока. Самиот факт што претходните пет години ние успеавме да го направиме моделот на структурно-металогентската карта на Република Макединија во размер 1 : 500 000 (во соработка со колегите од ИГЕМ-РАН, Москва) зборува за правилно одбраната насока во делот на овие проучувања.
Како што веќе рековме во претходниот пасус ние во изминатиот период направивме голем чекор со изработката на моделот на структурно-металогенетската карта во размер 1 : 500 000, а воедно се направени сите структурни и морфоструктурни олеати кои треба да бидат внесени во структурно-металогентската карта 1: 200 000. Но во претстојниот период тие треба да бидат дигитализирани. Исто така ние имаме сопствени испитувања со многу добри резултати на ниво на рудни реони и рудни полиња и специфични епитермални минерализациони системи какви што се случаевите на Бучимскиот руден реон, Кожувскиот руден реон како и епитермалните системи со висока сулфидизација на примерот на наоѓалиштето Алшар. Сите тие резултати се достапни на меѓународната геолошка јавност бидејќи се објавени на меѓународни собири и печатени во меѓународни списанија. На примерот на Бучимското наоѓалиште ние имаме современи резултати на примерот на генетското моделирање на рудоносните процеси и тие такви модели ќе се потрудиме да ги примениме и на другите наоѓалиште кои се предмет на третирање во рамките на предлог проектот. Факултетот за природни и технички науки има и сопствено искуство со веќе дигитализираната тектонската карта на Р. Македонија во размера 1 : 200 000.
Истражувачки тим:
Проф.Д-р Тодор Серафимовски ,ФПТН, Главен истражувач
Проф.Д-р Орце Спасовски, ФПТН
вон. Проф.Д-р Виолета Стефанова, ФПТН
доц.Д-р Горан Тасев, ФПТН
дипл. инж. геолог Анета Донкова - Петрушова, Млад истражувач
Истражување:
Имајќи во предвид комплексноста на предложениот проект и целите на истражувањето се комплексни и разновидни. Ќе ги наведеме оние со најголем приоритет:
¨ да се изврши структурно-металогенетско моделирање на комплексните полиметалични рудоносни системи од типот на Кадиица кај Пехчево, Плавица кај Кратово, Штука-Иловица кај Струмица.
¨ просторно, временски и генетски да се дефинираат жичните Cu и Cu-полиметални минерализации од редот на Казан Дол кај Валандово (кварц-тетраедритски жици), Златица кај Пробиштип (кварц-пирит-енаргитски жици), Дудица кај Кавадарци (кварц-пирит-енаргитски жици со Pb, Zn, Au и др), како и други слични локалитети.
¨ фазно испитување, проучување и моделирање на генетските процеси:
- проучување на интрузивните и субвулканските фации на постојните магматизми
- геохронолошки испитувања со K/Ar, Rb/Sr, Ar/Ar, Nd/Sm.
- проучување на минералните асоцијации во наоѓалиштата со испитување на гасно-течните инклузии во минерали од рудните парагенези.
- испитување на стабилните изотопи (S, H/D, O, C).
- изучување на типовите на алтерациите со задолжителна рендгено-структурна анализа на примероците.
- проучување на геохемиската асоцијација на елементите во карпите и наоѓалиштата со посебен осврт на елементите на ретките земји.
- изработка на генетски модели на поедините наоѓалишта на минерални суровини.
Изработка на финална верзија на структурно-металогенетската карта во мерка 1 : 200 000 во дигитална форма. Ова секако е голем зафат, но воедно е и прва карта од ваков вид на територијата на Република Македонија. Дефинитивно со реализацијата на предвидените цели од предлог проектот како и на сите активности кои се планирани во рамките на овој проект очекуваме да ја добиеме финалната верзија на структурно-металогентската карта 1 : 200 000 која ќе биде прв од ваков вид во Република Македонија и во компатибилна размера со сите досегашни печатени карти во истата размера (геолошка, хидрогеолошка, тектонска, металогенетска и др.). Исто така очекуваме да добиеме сосема нови резултати за поедини комплексни рудоносни системи од типот на Кадиица, Штука-Иловица и др., кои досега беа на многу низок степен на истраженост и проученост. Ова го базираме на фактот што тие подрачја беа во фаза на детални истражни дупчења од страна на американската компанија Фелпс Доџ, а примероците од јадро ни се достапни за лабораториски испитувања и проучувања. Пристапот на истражувањата и проучувањата ќе се одвиваат по стандардната и најсовремена методологија кога се во прашање лабораториските проучувања. Тоа го велиме затоа што во проектот имаме учесници кои доаѓаат од реномирани институции од Европа што располагаат со современа и софистицирана опрема. Покрај стандардните теренски испитувања и опробувања проследени GPS, фотокамера и фотодокументација ние планираме посебна подготовка на пробите во лабораторијата на Факултеот за природни и технички науки во Штип. Потоа подготвените проби ќе бидат анализирани на скананинг-електронски микрскоп, рендгено-структурна анализа, геохронолошки испитувања со K/Ar, Ar/Ar, Rb/Sr, Nd/Sm и др. Детално ќе биде применета методологијата за проучување на гасно-течните инклузии, стабилните изотопи и ICP-AES и ICP-MS за испитување на елементите од групата на ретки земји. Во изработката на електронската верзија на структурно-металогенетската карта 1 : 200 000 ќе бидат применети соодветни програмски пакети. Основниот план gи опфаќа фазите на реализацијата на поставените цели во рамките на проектот. Имено, во планот на реализација на проектот секако дека се остава простор за компилирање на информациите и подлогите од досегашните структурно-металогенетски проучувања. Потоа планот ги опфаќа теренските истражувања, лабораториските испитувања, интерпретација на резултатите, нивна подготовка за јавна презентација и публикација и секако финализирање на сите активности поврзани со финалнат фаза на структруно-металогентската карта 1: 200 000. Фазноста во реализација на проектот значи постојаност и таа мора да се следи бидејќи во нејзина функција е динамиката на завршување на работите. Во тој контекст, како што истакнавме, во првата фаза ние очекуваме да направиме врска со сите досегашни истражувања и да направиме дел од теренските истражувања. Во втората фаза очекуваме најголем дел од теренските истражувања да бидат завршени, да се изврши селектирање на примероците, нивно ажурирање и најголем дел од пробите да бидат припремени за анализа. Третата фаза треба да овозможи комплетно анализирање на примероците во домашните и странски лаборатории и можност за доземање на одредени примероци ако за нив се јави потреба. Во четвртата фаза очекуваме интерпретација на резултатите во кабинетски услови, нивна подготовка за презентација и печатење и секако подготовка за завршните елаборати. Паралелно на сите фази во кабинетски услови ќе се врши финализирање на структурно металогенeтската карта во размер 1 : 200 000.
Проектни активности:
- Посета на колегата д-р Александар Волков од ИГЕМ, Москва, Русија.
Објавени Трудови:
- SGA 2013 Uppsala - Sweden PDF
-
Serafimovski, T and Tasev, G., 2013. Metallogeny of the Kozuf ore district, R. Macedonia. (Eds. Serafimovski and Boev) 1st INTERNATIONAL WORKSHOP ON THE PROJECT “Environmental Impact assessment of the Kozuf metallogenic district in southern Macedonia in relation to groundwater resources, surface waters, soils and socio-economic consequences (ENIGMA), PROCEEDINGS Book, pp. 11-22. PDF
-
Serafimovski, T., Barutskij, V., Filev, K. and Tasev, G., 2013. Cu-Au valorization from poorly mineralized ore bodies in the Buchim copper mine, Eastern Macedonia. 13thInternational Multidisciplinary Scientific GeoConference SGEM, Conference Proceedings, Volume 1 (Science and Technologies in Geology, Exploration and Mining), Albena, R. Bulgaria, pp. 381-388. PDF
-
Stefanova, V., Volkov, V. A., Serafimovski, T. and Sidorov, A. A., 2013. Native Gold from the Plavica Epithermal Deposit, Republic of Macedonia. Doklady Earth Sciences, 2013, Vol. 451, Part 2, pp. 818–823. © Pleiades Publishing, Ltd., 2013.( ISSN 1028_334X)PDF
-
Serafimovski, T., Volkov, V. A., Boev, B., Tasev, G. and Sidorov, A. A., 2013. The Rganovo Fe–Ni Deposit: An Example of the Reworked Lateritic Weathering Crust in the Vardar Ophiolite Zone. Doklady Earth Sciences, 2013, Vol. 452, Part 1, pp. 899-903. (ISSN 1028-334X, Pleiades Publishing, Ltd.) IF 0.392 PDF
-
Serafimovski, T and Tasev, G., 2013. Sulfur isotope compositions from different type of deposits in the Buchim-Damjan-Borov Dol ore district, Eastern Macedonia. 10th Applied Isotope Geochemistry Conference, Hungarian Academy of Sciences, 22–27th September 2013, Budapest, Hungary, pp. 8-13. PDF
-
Serafimovski, T., Volkov, V. A., Boev, B and Tasev, G., 2013. Ržanovo Metamorphosed Lateritic Fe–Ni Deposit, Republic of Macedonia. ISSN 1075_7015, Geology of Ore Deposits, 2013, Vol. 55, No. 5, pp. 383–398. © Pleiades Publishing, Ltd., 2013. (IF 0.318) PDF
-
Vrhovnik, P., Rogan-Smuc, N., Dolenec, T., Serafimovski, T., Dolenec. M., 2013. Impact of Pb-Zn mining activity on surficial sediments of Lake Kalimanci (FYR Macedonia). Turkish J. Earth Sci., 22, pp. 996-1009 (IF 1.27) PDF
-
Lehmann, St., Barcikowski, J., von Quadt, A., Gallhofer, D., Peytcheva, I., Heinrich, C.A. and Serafimovski, T., 2013. Geochronology, geochemistry and isotope tracing of the Oligocene magmatism of the Buchim–Damjan–Borov Dol ore district: Implications for timing, duration and source of the magmatism. LITHOS. Elsevier, Volumes 180–181, November 2013, Pages 216–233 PDF
-
Ligovski, M., Serafimovski, T., Tasev, G. and Stefanova, V., 2014. Geochemical study and 3D modelling of the Kazan Dol copper deposit, Republic of Macedonia. Geologica Macedonica, Vol. 28, No. 1, pp. 7–17 (In print: ISSN 0352 – 1206; On line: ISSN 1857 –8586) PDF
-
Serafimovski, T., Stefanova, V. and Tasev, G., 2014. Major ore deposits in the Kozuf metallogenic area, R. Macedonia. 2nd International Workshopon the Project: Environmental impact assessment of the Kozuf metallogenic district in southern Macedonia in relation to groundwater resources, surface waters, soils and socio-economic consequences (ENIGMA), PROCEEDINGS, Edited by: J. Šimek & H. Burešová, ENIGMA Project (Ref. No. 1206KEP.008-12), May 16, 2014, pp. 3-12. PDF
-
Serafimovski, T., Tasev, G. and Stefanova, V., 2013. Rare mineral phases related with major sulphide minerals in the Bučim porphyry copper deposit, R. Macedonia. Geologica Macedonica, Vol 27, No. 1., pp 43–54 PDF
Галерија на проектни активности
-
Плавица, панорамска слика на старите поткопи и новите истражни работи
- Стар истражен поткоп за злато на Плавица
- Карбонатитски дајк Лакавица
- Панорамска снимка на карбонатити Ново Село со колеги од Словенија
- Услоеност на геолошки единици, Прага, Мај 2014
- Работна средба , Прага, Карлов Мост - Мај 2014
- Илустрација на карактеристична минерална асоцијација во наоѓалиштето Казан Дол: малахит (зелено) и куприт (сино)
- Илустрација на карактеристична минерална асоцијација во наоѓалиштето Казан Дол: малахит (зелено) и тенорит (пурпурно)