Литературолошките и културолошките истражувања и нивната функција во оспособувањето на студентите идни наставници

Предмет на истражување на овој проект е улогата и влијанието на литературолошките и културолошките сознанија што ги стекнуваат студентите за време на студирањето и нивната практична примена во наставата по литература во средното образование. Теориските истражувања на полето на семантиката и менталитетот на книжевните ликови се добра основа за поттикнување на поголема креативност кај студентите идни наставници при креирањето на наставниот час, а од друга страна се супстрат за создавање таква наставна методологија која ќе овозможи стекнување соодветни генерички и предметно-специфични компетенции кај студентите и постигнување соодветни емотивно-сознајни цели кај учениците.

Во проектот ќе бидат вклучени одреден број студенти од трета и четврта година од Филолошкиот факултет на УГД, а целна група на истражувањето, покрај студентите, ќе бидат и учениците од гимназиските паралелки во Штип.

dimova_proekt_2016.pptx