Придонес на фармацевтите во контрола на резистентноста на антибиотиците

The contribution of pharmacists in control of antibiotics resistance

Антибиотиците се лекови кои ги убиваат или го спречуваат растот на бактериите, а немаат никакво влијание врз вирусите. Се издаваат по препорака од лекар во јавните аптеки од фармацевт, согласно националната регулатива во Република Македонија.

Во болничките установи, антибиотиците се користат за лакување и профилакса на инфекции. Соодветно спроведената антибиотска терапија дава извонредни резултати. Од друга страна, неоправданата и нерационална употреба на антибиотиците ги зголемува трошоците на интервенцијата и има последици за пациентот.

Антимикробната резистенција претставува јавно-здравствен проблем кој ја компромитира терапијата, води кон неповолен терапевтски ефект, го продолжува лекувањето, ги зголемува трошоците за лекување и болничкиот престој и има социјално-економски последици по целото општество

Цел на ова истражување е евалуација на потрошувачката на антибиотици во јавните аптеки и болничките установи во РМ споредено со препораките на МБД и стандардните терапевтски водичи, ризик факторите за појава на антимикробна резистенција, мерките за рационализација на употребата на антибиотици и економскиот ефект за поединците и општеството. За остварување на поставените цели ќе користиме релевантни литературни податоци, соодветни фармакоепидемиолошки методи и анализи спроведени на фармацевти, пациенти и болнички установи.

Резултатите, дискусијата и заклучоците ќе ни дадат нови сознанија за степенот на рационализацијата на антибиотската терапија во РМ споредено со земјите на ЕУ и препораките на МБД.

Членови:

Главен истражувач: проф.д-р Бистра Ангеловска

Истражувачи:

доц.д-р Елена Дракалска

доц.д-р Александар Цветковски

д-р Верица Ивановска

Млади истражувачи:

м-р Дијана Атанасова

Ангела Мицевска