Ентомофауна кај домати во заштитен простор при конвенционално и интегрално производство

Entomofauna of tomato plants grown in greenhouses in conditions of conventional and integrated production

Апстракт

     Доматот е една од економски поважните култури во Македонија, а особено во Струмичкиот регион, каде што претставува водечка култура во градинарското производство во заштитени простори. Се одгледува во пластеници и оранжерии во периодот од јануари во услови на греење, март и април без греење, од мај, јуни до ноември, како рано, средно рано и касно производство.

     Раното и средно раното производство зафаќаат околу 90% од површините од 6 271 ha (просек 2000-2006 год.), колку што се застапени под оваа култура кај нас, а само 10% од застапените површини под оваа култура му припаѓаат на касното производство.

     Доматот е подложен на напади на голем број штетни инсекти и пајачиња. Некои од штетните инсекти кај доматот се хранат со грицкање на растителното ткиво, а некои преку смукање на растителниот сок. Секундарни оштетувања се јавуваат кога нивните отпадни производи (медната роса), ги покриваат растителните делови, затворајќи ги стомините отвори со што го спречуваат процесот на дишење. Но, голем дел од штетните инсекти, исто така, се активни преносители на вирусните заболувања, од заразени на здрави растенија.

     Дел од ентомофауната на доматот ја сочинуваат и карниворни видови (предатори), кои, хранејќи се со други инсекти, ја регулираат популацијата на штетните инсекти.

     Главна цел на нашите испитувања ќе биде утврдувањето на фаунистичкиот состав на штетниците и предаторите на доматот одгледуван  во заштитени простори, при што детално ќе се утврди нивниот квалитативен и квантитативен состав во ентомофауната на доматот. Исто така ќе се направи една споредба на штетниците, како и на предаторите кои се појавиле во заштитени простори како рано производство и во заштитените простори во услови на летно-есенско (касно) производство. Ќе се направи и детална анализа на присуството на штетниците и карниворните видови при конвенционалното и интегралното производство на доматите во заштитен простор.

Abstract

     Tomato is one of economically important crops in Macedonia, particularly in the Strumica region, where is leading crop in horticulture production in greenhouses. It is grown in greenhouses in the period of January in terms of heating, March and April without heating, May, June and November, as early, meadle early and late production.
     Early and medium early production accounted for roughly 90% of the areaof 6271 ha (average of 2000-2006), as represented under this culture in our country, and only 10% of the surfaces represented under this culture belong to late production.
     Tomato is susceptible to attacks of many harmful insects and mites. Some of the pests in tomato feed nibbling on plant tissue, and some by sucking the plant juice. Secondary damage occurs when their waste products (copper dew), covering plant parts and stomas, thus preventing the process of breathing. But many of pests also are active transmitters of viral diseases, from infected to healthy plants.
Part of entomofauna of tomatoes is carnivore species that, feeding with other insects, regulate the population of harmful insects.
      The main goal of our research will be determining the composition of pest insects and predators of tomato, grown in greenhouses, in detail to determine their qualitative and quantitative composition in entomofauna of tomatoes. It will be also made a comparison of pests and the predators that have occurred in greenhouses as an early production and in terms of summer-autumn (late) production. A detailed analysis of the presence of pests and predators in conventional and integrated production of tomatoes in a protected area will be made.

Главен истражувач:    Проф. д-р   Душан Спасов

Истражувач:               Проф. д-р    Саша Митрев

Истражувач:               Проф. д-р    Драгица Спасова

Истражувач:               Проф. д-р    Милан Ѓеорѓиевски

Млад истражувач:      Асс.  м-р     Билјана Атанасова

Млад Истражувач      Дипл. инж. агр. Цветанка Арсова