Евалуација на имунолошкиот статус во однос на тетанусот кај различни возрасни групи на население

Тетанусот како заболување е присутно и актуелно во целиот свет, заради широката распространетост и големата отпорност на причинителот на заболувањето, тешката клиничка слика и високиот леталитет. Глобално решавање на проблемот со ова смртоносно заболување е можно со превенција на заболувањата. За таа цел е потребно постојаното осовременување на превенцијата на заболувањата особено во делот на имунопрофилаксата. Оваа констатација се потенцира со фактот дека во денешно време не постојат можности за комплетна ерадикација на тетанусот.