Испитување на генотоксичното дејство на јонизирачките зраци кaј професионално изложени здравствени работници, со употреба на цитогенетск

Наслов на проектот

 

Вовед: Цитогенетскиот мониторинг во хуманата популација укажува дека хроничната изложеност на организмот на различни физички и хемиски агенси покажува потенцијална генотоксичност т.е. влијае врз генетскиот материјал на експонираната индивидуа. Тоа значи дека поголеми дози од овие агенси дејствуваат летално, токсично или канцерогено, додека малите дози можат да имаат кумулативен ефект, да се одржуваат подолг временски интервал и последиците да се забележат во некои од наредните генерации.

Цели на проектот: Да се укаже на важноста од примената на микронуклеусниот тест како стандардизирана цитогенетска метода и важен биомаркер во детекцијата на влијанието на јонизирачките зраци врз целокупниот генетски материјал кај професионално изложени здравствени работници.

Испитаници и методи: Во истражувањето ќе бидат вклучени здравствени работници кои се директно и секојдневно се изложени на јонизирачки зраци како физички агенси и контролна група која претставува млада здрава популација, која не е изложена на никакви физички и хемиски агенси. Со примена на микронуклеусниот тест ќе се изврши кавантитативна и квалитативна анализа на бинуклеарни лимфоцити и детекција на микронуклеуси како сигурнииндикатори за евентуалните хромозомски оштетувања. Појавата на микронуклеуси е важен квантитативен биомаркер со кој се докажува постоењето на структурни хромозомски аберации кои се резултат на различни генотоксични агенси во in vitro или in vivo услови.

Главен истражувач:

Доцент д-р Невенка Величкова

Истражувач:

Доцент д-р Татјана Рушковска

Истражувач:

Проф.д-р Ѓорѓи Шуманов

Млад истражувач:

Асс.м-р Мишко Милев

Млад истражувач:

Билјана Петрова