Со изучувањето на оваа предметна дисциплина студентите ќе навлезат во едно специјално сметководствено подрачје, а тоа е подрачјето на финансиското известување на банките и останатите финансиски институции. По завршувањето на наставата, студентите треба да се способни да: ја применуваат специфичната сметководствена регулатива за финансиските институции во домашната и меѓународната практика; ги идентификуваат, правилно евидентираат и обелоденуваат трансакциите и ризиците поврзани со финансиските инструменти; подготвуваат интерни сметководствени извештаи и предлог одлуки за деловно одлучување во финансискиот сектор; ги подготвуваат и анализираат финансиските извештаи за општа намена на банките, осигурителните компании, инвестициските и пензиските фондовите.
Summer
2017