Сметководство на финансиски институции
- Сметководство, финансии и ревизија, задолжителен (8-ми семестар)
- Банкарство, финансии и осигурување, изборен (8-ми семестар)
Информации за професорот
Професор |
|
Приемни часови |
Проф. Д-р Оливера Ѓоргиева-Трајковска |
Скопје -
Кочани - |
Генерални информации за предметот
Опис на предметот
Со изучувањето на овој предмет студентите ќе навлезат во едно специјално сметководствено подрачје, а тоа е подрачјето на финансиско известување на банките и останатите финансиски институции (осигурителните компании, инвестициските и пензиските фондови).
Очекувања и цели
По завршувањето на наставата, студентите треба да се способни да: ја применуваат специфичната сметководствена регулатива за финансиските институции во домашната и меѓународната практика; ги идентификуваат, правилно евидентираат и обелоденуваат трансакциите и ризиците поврзани со финансиските инструменти; подготвуваат интерни сметководствени извештаи и предлог одлуки за деловно одлучување во финансискиот сектор; ги подготвуваат и анализираат финансиските извештаи за општа намена на банките, осигурителните компании, инвестициските и пензиските фондови.
Задолжителна литература
"Сметководство на финансиски институции”, Проф. д-р Пеце Николовски, авторизиран материјал, март, 2016
Дополнителна литература
· “Računovodstvo banaka”, III izmjenjeno i dopunjeno izdanje”, grupa autora, TEB Zagreb, 2000
- “Financial Instruments and Institutions: Accounting and Disclosure Rules”, 2nd edition, Stephen G. Ryan, John Wiley & Sons, Ltd., 2007
Распоред на предавања по недели
Недела |
Тема |
1 |
Бонитетна регулатива Меѓународни сметководствени стандарди Сметководствени политики
Инструменти на платниот промет Безготовински платен промет во земјата Готовински платни налози Специјални инструменти на платниот промет
|
2 |
Електронски платен промет
Систем на меѓународни плаќања Инструменти на меѓународниот платен промет |
3 |
Сметководствена евиденција на нематеријални средства Недвижности, постројки и опрема |
4 |
Пари и парични средства Благајна Хартии од вредност Побарувања од деловни односи Побарувања по други основи
|
5 |
Обврски од приход за даноци, придонеси и плати Обврски по основ на распределба на добивката Обврски спрема добавувачите Обврски од деловни односи
Девизни средства и хартии од вредност Девизни тековни и посебни сметки
|
6 |
Краткорочни кредити Краткорочни пласмани во хартии од вредност
Долгорочни кредити
Камати на примени кредити и други средства Трошоци за осигурување штедни влогови Трошоци за провизија за извршени услуги и слични трошоци Општи административни трошоци Курсни разлики Останати трошоци |
7 |
Приходи врз основа на капитални вложувања и капитална добивка Камати врз основа на дадени кредити и други пласмани Приходи врз основа на вршење банкарски услуги Резултати од работењето
Депозити по видување Краткорочни орочени депозити во девизи Долгорочни депозити во девизи
Депозити на жиро сметки и тековни сметки Краткорочни обврски по издадени хартии од вредност и обврски од меѓубанкарско работење Обврски по краткорочни кредити Орочени депозити Капитал, долгорочни обврски спрема изворите на средствата
|
8 |
Биланс на состојба Биланс на успех Извештај за парични текови Извештај за промените на капиталот |
9 |
|
10 |
Банкарски и други депозитни институции Штедилници и кредитни унии Поим и видови на каматни стапки и нивни детерминанти
Осигурителни компании
|
11 |
Пензиски фондови Инвестициски фондови Управување со финансиските ризици |
12 |
Македонска берза на хартии од вредност Централен депозитар за хартии од вредност Комисија за хартии од вредност Брокерски куќи Институционални инвеститори Пазар на пари и краткорочни хартии од вредност |
Распоред на колоквиуми и испит
|
|
|
1 колоквиумска недела |
|
2 колоквиумска недела |
|
Завршен испит |
Распоред на предавања (со вежби) по градови
Скопје
Кочани
Листа на теми за проектни задачи
1. Улогата и значењето на банкарскиот систем
2. Сметководствена евиденција на инструментите на платниот промет во земјата
3. Сметководствена евиденција на инструментите на платниот промет со странство
4. Специјални инструменти на платниот промет
5. Меѓународен платен промет
6. Сметководствена евиденција на нематеријалните средства во финансиските институции
7. Сметководствена евиденција на недвижностите, постројките и опремата во финансиските институции
8. Сметководствена евиденција на краткорочните побарувања, парични средства и активни пресметковни сметки во финансиските институции
9. Сметководствена евиденција на краткорочните обврски и пасивни пресметковни сметки во финансиските институции
10. Сметководствена евиденција на девизните средства и девизните пласмани во финансиските институции
11. Сметководствена евиденција на краткорочните и долгорочните пласмани на финансиските институции
12. Сметководствена евиденција на приходите и расходите во финансиските институции
13. Сметководствена евиденција на изворите на деловни средства во финансиските институции
14. Финансиски извештаи на финансиските институции
15. Анализа на билансот на состојба на финансиска институција
16. Анализа на билансот на успех на финансиска институција
16. Анализа на извештајот за парични текови на финансиска институција
16. Анализа на извештајот за промена на капиталот на финансиска институција
16. Интерна ревизија на финансиските институции
17. Екстерна ревизија на финансиските извештаи во финансиските институции
18. Супервизија на финансиските институции
19. Поим и видови на каматни стапки и нивни детерминанти
20. Небанкарски финансиски институции
21. Управување со финансиските ризици