Истражување и развој на гео-информационен систем на Универзитетот „Гоце Делчев“ / Research and development of a spatial data infrastructure of the University Goce Delcev

Проект - pdf

Постер - pdf

Апстракт

Предложениот гео-информационен систем на Универзитетот Гоце Делчев (УГД) има за цел да ги истражи најновите достигнувања во информатичко комуникационата технологија (ИКТ) вклучуваќи ги 1) облак (анг. Cloud computing) 2) сервис ориентирана архитектура 3) веб географски информациони системи (веб ГИС). Истражувањата треба да резултираат со развивање на најсовремен гео-информационен систем на УГД по примерот на познатите светски универзитети. Основната цел на гео-информациониот систем е да ги зачува сите геопросторни податоци (мапи), на централизирано место, и да овозможи непречен пристап до нив. За таа цел ќе се формира работна група составена од претставници од факултетите на УГД, која ќе се бави со промоција на гео-информациониот систем меѓу колегите, како и прибирање на гео-податоци. Врз база на гео-информациониот систем ќе се развиваат специјализирани апликации од различен домен, како на пример апликација за менаџмент на водени ресури, и други.
Гео-информационите системи имаат огромна примена во повеќе државни институции вклучувајки ги: Геолошки Завод, Министерство за економија, Министерство за земјоделие итн. Знаењата и искуствата добиени со равивање на гео-информациониот систем на УГД ќе можат да се применат во нив, зголемувајќи ја соработката со државните институции.
Исто така се планира голема меѓународна активност на полето на гео-информационите системи и објавување на неколку трудови во меѓународни списанија со фактор на влијание. Како партнери во проектот се колегите од UNESCO-IHE, од Делфт, Холандија, а веќе се направени контакти со неколку други универзитети како Politecnico Milano и University of Exeter. Со нив се планираат заеднички EU Horizon 2020 и NATO SFP проекти.

Abstract

The proposed geo-information systems at the University “Goce Delchev” (UGD) aims to explore the latest advances in information and communication technology (ICT) including 1) Cloud computing 2) Service Oriented Architecture 3) Web geographic information systems (web GIS). The research should result in the development of a state of the art geo-information system on UGD as in the world famous universities. The main purpose of geo-information system is to preserve all geospatial data (maps) on centralized location, and to allow unfettered access to them. For that purpose a working group composed of representatives from the faculties of UGD will be formed, which will deal with the promotion of geo-information system between colleagues, as well as collection of geo-data.The geo-information system will be basis for development of specialized applications from different domains, like the application for management of water resources, and others.
The geo-information systems have immense application in several state institutions including Geological Institute, Ministry of Economy, Ministry of Agriculture, etc. The knowledge and experience obtained from the development of the geo-information system of UGD can be applied to them, which will further increase cooperation with state institutions.
A major international activity in the field of geo-information systems is planned, and publication of several papers in international journals with impact factor. As partners in the project are included colleagues from the UNESCO-IHE, Delft, the Netherland, and contact are made with several other universities as Politecnico Milano and University of Exeter. Together we are planning joint EU Horizon 2020 and NATO SFP projects.

Листа на истражувачи:

Проф. Тодор Делипетрев 
Доц.д-р. Благој Делипетрев 
Доц. д-р Зоран Здравев 
Доц. д-р Александра Милева 
Доц. д-р Игор Стојановиќ 
Проф. Д-р Гоше Петров 
Проф. Димитри Соломатине 
Проф. Андреја Јоноски 
Асс. м-р Александра Стојанова 
Ана Љуботенска 
Мирјана Коцалева