Употреба на антисептици и средства за дезинфекција во здравствените институции во Република Македонија во период од пет години

Цел - Согледување на состојбата за користењето на антисептици и
дезинфициенси во здравствените установи во Р. Македонија во
петгодишен период.
Материјали и методи – За спроведување на ова истражување ќе се
соберат податоци од листите за набавки на болничките аптеки,
стандардните оперативни постапки и евидентните листи за користење
на дезифициенсите и антисептиците по оддели во јавните и приватните
здравствени институции. Истовремено ќе се користат податоци од
извршените испитувања на микробилошка чистота во секоја
здравствена институција по оддели на годишно ниво.
Очекувани резултати – Со анализа на податоците ќе се добијат
резултати за секоја година и институција посебно кои ќе укажат на
значајно намалување или зголемување на контаминација со патогени со
што ќе може да се извлечат заклучоци за соодветно спроведената
дезинфекција. Дополнително ќе може да се заклучи за намалувањето на
количините на користени дезифициенси кога се следат процедурите за
употреба со посебно внимавање на тоа како, каде и кој дезифициенс се
користи.
Очекувани заклучоци – Резултатите од анализата може да се
искористат за преглед, следење и превенирање на болнички инфекции
во здравствени установи.

Учесници на проектот:

Проф. д-р. Биљана Ѓорѓеска - Раководител на проектот, редовен професор на Факултет за медицински науки

Проф. д-р. Милка Здравковска - учесник во проект, вонреден професор на Факултет за медицински науки

Доц. д-р. Бистра Ангелова - учесник во проект, доцент на Факултет за медицински науки

м-р. Софија Петковска - учесник на проект, Факултет за медицински науки

м-р. Верица Ивановска - учесник на проект, Факултет за медицински науки

др. Јулија Заркова - учесник на проект, Факултет за медицински науки

Во прилог на проектот со студентите од Втор циклус на студии на Факултетот за медицински науки, се одбранети две специјалистички теми и тоа на кандидатите

Марија Гичева - Користење на антисептици и дезифициенси во ЈЗУ Клиничка болница - Штип во период од 2007 - 2011 година

Емилија Самаракова - Користење на антисептици и дезифициенси во ЈЗУ Клиничка болница - Велес во период од 2005 - 2010 година