Цел - Согледување на состојбата за користењето на антисептици и дезинфициенси во здравствените установи во Р. Македонија во петгодишен период.
Материјали и методи – За спроведување на ова истражување ќе се соберат податоци од листите за набавки на болничките аптеки, стандардните оперативни постапки и евидентните листи за користење на дезифициенсите и антисептиците по оддели во јавните и приватните здравствени институции. Истовремено ќе се користат податоци од извршените испитувања на микробилошка чистота во секоја здравствена институција по оддели на годишно ниво.
Очекувани резултати – Со анализа на податоците ќе се добијат резултати за секоја година и институција посебно кои ќе укажат на значајно намалување или зголемување на контаминација со патогени со што ќе може да се извлечат заклучоци за соодветно спроведената дезинфекција. Дополнително ќе може да се заклучи за намалувањето на количините на користени дезифициенси кога се следат процедурите за употреба со посебно внимавање на тоа како, каде и кој дезифициенс се користи.
Очекувани заклучоци – Резултатите од анализата може да се искористат за преглед, следење и превенирање на болнички инфекции во здравствени установи.