Publications

2019
Ringaceva AV-. АРХЕТИПСКИТЕ И МИТСКИ СИМБОЛИ ВО ДРАМСКАТА ТРИЛОГИЈА „ВЕЧНА ИГРА“ ОД МИТКО МАЏУНКОВ. МАНУСКРИПТ ISSN 1857-9868 UDC 7 UDC 8 [Internet]. 2019:285-294. Publisher's VersionAbstract
Драмското творештво на Маџунков е податливо за толкување од многу аспекти, во зависност од тоа, што поставил во својот фокус на истражување истражувачот. Таа податливост е само доказ за повеќеслојноста на текстот и можноста, лупејќи ги горните слоеви на текстот, истражувачот да дојде до она потповршинското, каде што почиваат скриените значења на симболите и на претставите. Токму ова последното беше предизвик за нас, а секое подлабинско сондирање на книжевен текст неминовно нè води до соочување со митолошките претстави, кои, во суштина, се основа и на целокупната литература што ја создал човекот од своите прапочетоци до денес.
Ringaceva AV-. ШАПКАРЕВИОТ ЗАПИС ЗА РУСАЛИИТЕ – ВОВЕД ВО ИСТРАЖУВАЊАТА ЗА ШАМАНИСТИЧКИТЕ ОСТАТОЦИ ВО МАКЕДОНСКАТА ТРАДИЦИЈA. Македоника 22/2019 ISSN 1857-7539 . 2019:30-42.Abstract
Научните истражувања за шаманизмот и неговите реликти неспорно доведоа до заклучокот дека дејствувањето на шаманите во древните цивилизации оставило длабока трага во современите обредни практики. Соочувањето и справувањето со невидливите сили на злото, заштитата на заедницата и нејзината егзистенција, биле врвен приоритет на нашите предци. Русалиските игри, кои се изведувале на територијата на Балканскиот Полуостров, денес не се среќаваат во нивната изворна форма. Но,во колективната меморија тие остануваат да постојат како обреди кои ги обединува една единствена цел: да се заштити заедницата од злото, да се обезбеди плодородие и здравје за болните. Обредните игри кои се практикувале со цел ослободување на човекот од демоните, несомнено се игри од шамански тип. Русалискиот обреден комплекс, кој некогаш бил нераскинливо врзан за скутот на македонската народна традиција, најдиректно е засведочен во записот на Кузман Шапкарев (1834 – 1909)во 1884 година.
Ringaceva AV-. ЕРОТСКИОТ ФОЛКЛОР КАКО АКТУЕЛЕН ПРЕДИЗВИК (Иван Котев, Играле моми по месечина, Eротска народна поезија и проза од Струмица и Струмичко, Стр. Spektar 73/2019 [Internet]. 2019:159-166. Publisher's VersionAbstract
Играле моми по месечина е книга што ја пополнува големата празнина кога говориме за македонскиот еротски фолклор. Знаејќи дека еротскиот нагон е она скриено жарче што тлее во секој еден потенцијален информатор, Котев многу умешно, со големо трпение, ги мотивира информаторите да се отворат и да го кажат сето она што го знаат.Сериозниот и суштински пристап кон елаборација на стожерните теми од македонскиот еротски фолклор е предизвик што го прифатиле големи авторитети пред нас. Да се проучува оној сегмент од фолклористиката кој дава најпрецизна слика за целокупниот општествен, економски, културен развој на едно општество, значи да се придонесе во исцртување на психолошкиот профил на човекот, кој со векови опстојува на оваа почва. Проучувањата на еротскиот фолклор во рамките на современите научни истражувања стануваат сè подлабоки и поактуелни, иако во минатото имало обиди тој да се премолчи или да се сведе на минимум неговото значење.