ШАПКАРЕВИОТ ЗАПИС ЗА РУСАЛИИТЕ – ВОВЕД ВО ИСТРАЖУВАЊАТА ЗА ШАМАНИСТИЧКИТЕ ОСТАТОЦИ ВО МАКЕДОНСКАТА ТРАДИЦИЈA

Abstract:

Научните истражувања за шаманизмот и неговите реликти неспорно доведоа до заклучокот дека дејствувањето на шаманите во древните цивилизации оставило длабока трага во современите обредни практики. Соочувањето и справувањето со невидливите сили на злото, заштитата на заедницата и нејзината егзистенција, биле врвен приоритет на нашите предци. Русалиските игри, кои се изведувале на територијата на Балканскиот Полуостров, денес не се среќаваат во нивната изворна форма. Но,во колективната меморија тие остануваат да постојат како обреди кои ги обединува една единствена цел: да се заштити заедницата од злото, да се обезбеди плодородие и здравје за болните. Обредните игри кои се практикувале со цел ослободување на човекот од демоните, несомнено се игри од шамански тип. Русалискиот обреден комплекс, кој некогаш бил нераскинливо врзан за скутот на македонската народна традиција, најдиректно е засведочен во записот на Кузман Шапкарев (1834 – 1909)во 1884 година.