Citation:
Abstract:
Играле моми по месечина е книга што ја пополнува големата празнина кога говориме за македонскиот еротски фолклор. Знаејќи дека еротскиот нагон е она скриено жарче што тлее во секој еден потенцијален информатор, Котев многу умешно, со големо трпение, ги мотивира информаторите да се отворат и да го кажат сето она што го знаат.Сериозниот и суштински пристап кон елаборација на стожерните теми од македонскиот еротски фолклор е предизвик што го прифатиле големи авторитети пред нас. Да се проучува оној сегмент од фолклористиката кој дава најпрецизна слика за целокупниот општествен, економски, културен развој на едно општество, значи да се придонесе во исцртување на психолошкиот профил на човекот, кој со векови опстојува на оваа почва. Проучувањата на еротскиот фолклор во рамките на современите научни истражувања стануваат сè подлабоки и поактуелни, иако во минатото имало обиди тој да се премолчи или да се сведе на минимум неговото значење.