Citation:
Ringaceva AV-. АРХЕТИПСКИТЕ И МИТСКИ СИМБОЛИ ВО ДРАМСКАТА ТРИЛОГИЈА „ВЕЧНА ИГРА“ ОД МИТКО МАЏУНКОВ. МАНУСКРИПТ ISSN 1857-9868 UDC 7 UDC 8 [Internet]. 2019:285-294.
Abstract:
Драмското творештво на Маџунков е податливо за толкување од многу аспекти, во зависност од тоа, што поставил во својот фокус на истражување истражувачот. Таа податливост е само доказ за повеќеслојноста на текстот и можноста, лупејќи ги горните слоеви на текстот, истражувачот да дојде до она потповршинското, каде што почиваат скриените значења на симболите и на претставите. Токму ова последното беше предизвик за нас, а секое подлабинско сондирање на книжевен текст неминовно нè води до соочување со митолошките претстави, кои, во суштина, се основа и на целокупната литература што ја создал човекот од своите прапочетоци до денес.