Лични податоци
Име и презиме: Биљана Ѓорѓеска
Наставно звање: редовен професор
е-маил: biljana.gorgeska@ugd.edu.mk
Образование
Докторски студии: 1992
Универзитет Св. Кирил и Методиј - Скопје, Природно-математички факултет, Институт за хемија во Скопје, Република Македонија
Докторат во областа на хемијата; докторска теза: “Аналитички аспекти на антисептичката активност на водени раствори на дезинфициенси”
Магистерски студии: 1989
Загребачки универзитет, Фармацевтско-биохемиски факултет во Загреб, Хрватска
Магистратура во областа на фармацијата; магистерска теза: “QSAR стадиум на активноста на пиролиноните”
Специјалистички студии: 1989
Универзитет Св. Кирил и Методиј - Скопје, Фармацевтски факултет во Скопје; Република Македонија
Специјализација во областа на испитувањето и контролата на лекови
Факултетски студии: 1980
Загребачки универзитет, Фармацевтско-биохемиски факултет во Загреб, Хрватска; дипломиран инг. фармацевт
2007, Примариус, Министерство за здравство на Република Македонија
Наставна област: аналитика на лекови, аналитичка хемија
Интерес во науката: хемија, аналитичка хемија, биохемија, фармацевтска хемија, дизајнирање на лекови, аналитика на лекови и безбедност на квалитет, биофармација
Предмети на прв циклус студии: Аналитика на лекови 1 и 2, Општа биохемија, Клеточна биохемија, Стабилност на лекови, Регистрација на лек
Предмети на втор циклус студии: Биохемија на имуниот систем, Микробиолошка контрола на лекови, Законска регулатива и системи за безбедност на квалитет, Дезинфициенси и антисептици
Предмети на трет циклус студии: Принципи на современата аналитика на лекови, Современи инструментални методи за аналитика на лекови, Стратегија на развој на методи за аналитика на лекови, Индустриски развој на фармацевтски облици, Современи фармацевтски облици и методи за анализа и Обезбедување на квалитет во фармацевтската индустрија (студиска програма - Фармација, модул Аналитика на лекови), Медицинска биохемија – одбрани поглавја и Обезбедување на квалитет во фармацевтската индустрија (студиска програма – Фармацевтски науки), Медицинска хемија, Индустриска биотехнологија и Молекуларни основи на имуниот одговор (студиска програма – Биомедицина)